На 29.03.2024 нашите млади учесници имаа можност да го посетат Американското катче во Битола со цел да се запознаат со неговата работа, како и активностите и услугите кои ги нуди.

Присутни беа и волонтерите на Мировниот Корпус во Битола, Кази Алтаф Махмуд кој волонтира во „Порака Нова“ и Џек Молитор, кој волонтира во Младинкиот центар, како и Фулрбрајт асистентот по англиски јазик на Педагошкиот факутет, Џејкоб Мол.

По презентацијата на активностите сите заедно се дружеа играјќи по избор од многуте игри достапни во катчето, а воедно и младите имаа можност да повежбаат комуникација на англиски, а странските волонтери комуникација на македонски јазик.

Им благодариме на American Corner Bitola за гостопримството, а исто така и на волонтерите од Мировниот корпус за иницијативата. Соработката продолжува и понатаму.


