Саат кулата во Битола во боите на ромското знаме

Саат Кулата во Битола по повод 8-ми Април, Интернационалниот ден на Ромите се истакнува во блесокот на ромската култура, благодарение на општина Битола, на градоначалникот д-р Тони Коњановски и советниците од Советот на општина Битола!
Сите се восхитувавме на светлината на ромската заедница по повод 8-ми април – Светскиот ден на Ромите во градот на светлината Битола. Со гордост беа истакнати боите и богатството на ромската традиција и наследство на Саат Кулата.

Горди сме на оваа прослава на културното разнообразие, насочена кон заедничка радост и восхит, истакнувајќи го значењето и прифаќањето на секоја култура. Нека оваа светлина на културното обединување го осветли нашиот пат кон инклузивно општество.
Да живее културата!