Солидарен проект „Ведро небо – здрави умови“

Со оваа објава ве информираме за раните активности во рамките на солидарниот проект „Ведро небо – здрави умови“, кој започна во септември 2025 година и е насочен кон подигнување на свеста за влијанието на загадениот воздух врз менталното и физичкото здравје, со фокус на младите и локалната заедница.

Информативни средби

На самиот почеток од проектот беа реализирани информативни средби, преку кои:

  • беше претставена идејата и целите на проектот;
  • се информираа младите за планираните активности;
  • се поттикна активно вклучување и интерес кај заедницата.

Во рамките на овие средби се формираше и проектниот тим, а учесниците имаа можност директно да поставуваат прашања и да дадат свои предлози. Дел од атмосферата и динамиката од информативните средби е прикажан и преку реел видеото објавено на нашите социјални мрежи. Линк до видеото: https://www.youtube.com/watch?v=46cyFKq31mU

Реализирани активности во првата фаза

Во почетната фаза од проектот успешно беа реализирани:

  • информативни средби со млади и заинтересирани граѓани;
  • формирање и координација на проектниот тим;
  • разработка на програма за работилници и активности;
  • планирање еко-акции и дигитални кампањи;
  • започнување на изработка на дигитална платформа за психолошка поддршка.

Работилница: „Влијанието на загадувањето на воздухот врз менталното здравје“

Во ноември, во рамките на проектот, успешно беше реализирана и тематска работилница посветена на поврзаноста помеѓу квалитетот на воздухот и менталното здравје.

Предавачи на работилницата беа:

  • 👩‍⚕️ доц. д-р Марина Кузмановска, психолог
  • 🧠 Наташа Бекирова, психолог и семеен терапевт

Тие опфатија теми поврзани со:

  • влијанието на загадениот воздух врз когнитивните функции и емоционалната состојба;
  • зошто децата и младите се особено ранлива категорија;
  • практични техники за грижа за менталното здравје при зголемен стрес и аерозагадување;
  • значењето на здрава животна средина за здрава и отпорна заедница.

Работилницата поттикна конструктивни дискусии, лични споделувања и зголемена свест кај учесниците за важноста од заштита на воздухот како предуслов за добро ментално здравје.

Што следува?

Во текот на проектот продолжуваат:

  • 🌱 едукативни работилници;
  • 🌍 еко-акции во заедницата;
  • 📣 дигитална кампања за подигнување на јавната свест;
  • 🤝 соработка со локални институции и засегнати страни.

Проектот „Ведро небо – здрави умови“ е финансиран од Националната агенција за европски програми и мобилност преку програмата Европски солидарен корпус на Европската Унија.

Содржината на оваа објава е одговорност на Здружението Сумнал и не ги одразува нужно ставовите на Европската Унија.