
Со голема радост ве информираме дека во јануари 2026 година официјално започна реализацијата на нашиот нов солидарен проект „Мостови на пријателство“, поддржан од Европскиот солидарен корпус.

Проектот ќе трае до крајот на мај 2026 година и има за цел да создаде простор за дружење, соработка и меѓусебно разбирање меѓу млади од различни етнички и социјални заедници во Битола. Преку заеднички активности како танц, музика, спорт и креативни работилници, младите ќе имаат можност да градат нови пријателства и да ги надминуваат стереотипите и поделбите.
Во рамки на проектот се планирани:
– интерактивни работилници со млади,
– културни и спортски активности во мешани групи,
– јавни настани за споделување на резултатите со пошироката заедница.

„Мостови на пријателство“ е проект кој верува дека различноста е богатство, а солидарноста е основа за посилна и поинклузивна заедница. Нашата цел е да покажеме дека младите можат да бидат двигатели на позитивни промени – кога се запознаваат, учат и создаваат заедно.
Следете нè во наредните месеци за повеќе информации, фотографии и приказни од активностите!

Солидарниот проект „Мостови на пријателство“ е финансиран од Националната агенција за европски програми и мобилност преку програмата Европски солидарен корпус на Европската Унија.
Содржината на оваа објава е одговорност на здружението Сумнал и не ги одразува нужно ставовите на Европската Унија.
