
Со голема радост ја споделуваме уште една значајна активност во рамки на солидарниот проект „Мостови на пријателство“, кој од јануари 2026 година се реализира во Битола со поддршка од Европскиот солидарен корпус.
Во рамки на проектот остваривме работна и консултативна средба со директори на средни училишта, со цел јакнење на соработката и заедничко креирање активности за младите.

Остваривме средба со:
– г-дин Ристо Грујовски, директор на СОУ „Таки Даскало“ – Битола
– г-ѓа Билјана Јанкуловска, директорка на СОЕУ „Јане Сандански“ – Битола и проф. Лидија Анастасовска.
Разговаравме за можностите за вклучување на учениците во мешани младински активности, како и за улогата на училиштата во градењето мостови на доверба, пријателство и меѓусебно разбирање меѓу младите од различни етнички и социјални заедници.

Дополнително остваривме и средба со градоначалникот на Општина Битола, д-р Тони Коњановски со цел да ја вклучиме и поддршката на Општината во нашите активности.
Проектот „Мостови на пријателство“ преку танц, музика, спорт и креативни работилници создава простор каде младите се запознаваат, соработуваат и учат едни од други – рушејќи стереотипи и градејќи поинклузивна заедница.

Благодарност до директорите и градоначалникот за отвореноста, поддршката и подготвеноста за соработка. Веруваме дека токму ваквите партнерства се клучни за вистински и одржливи промени кај младите.
Следете нè и понатаму за повеќе информации и активности од проектот!
Солидарниот проект „Мостови на пријателство“ е финансиран од Националната агенција за европски програми и мобилност преку програмата Европски солидарен корпус на Европската Унија. Содржината на оваа објава е одговорност на здружението „Сумнал“ и не ги одразува нужно ставовите на Европската Унија.
