Мостови на пријателство – прва работилница со млади

На 17.02.2026 година во спортската сала на СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“ – Битола се одржа првата воведна работилница, исполнета со запознавање, тимски игри и разговори за пријателството, различностите и почитувањето.

На почетокот на настанот, м-р Фатма Бајрам Аземовска ги поздрави учениците и им се заблагодари за интересот и подготвеноста да бидат дел од оваа позитивна приказна.

Работилницата ја водеше проф. Михајло Сиљанов, кој преку интерактивни вежби помогна да се изгради доверба, отворена комуникација и чувство на заедништво.

Во рамки на проектот ќе се реализираат:

✔ интерактивни работилници;

✔ културни и спортски активности во мешани групи;

✔ јавни настани за споделување на резултатите.

Искрена благодарност до директорката на СОУ Гимназија „Јосип Броз-Тито“ – Битола, м-р Лидија Споа, за поддршката, отвореноста и вербата во младите. Ваквата институционална соработка е темел за успешни и одржливи позитивни промени во заедницата. Посебна благодарност до проф. Елена Дамчевска Јосифовска за несебичната поддршка, посветеноста и вербата во младите како двигатели на позитивни промени.

„Мостови на пријателство“ верува дека различноста е богатство, а солидарноста е темел за посилна и поинклузивна заедница.

Младите можат да бидат двигатели на позитивни промени – кога се запознаваат, учат и создаваат заедно.

Солидарниот проект „Мостови на пријателство“ е финансиран од Националната агенција за европски програми и мобилност преку програмата Европски солидарен корпус на Европската Унија. Содржината на оваа објава е одговорност на здружението „Сумнал“ и не ги одразува нужно ставовите на Европската Унија.