
На 10 март 2026 година се одржа настанот „Женското здравје во време без време“, посветен на отворање значаен дијалог за психолошкото, емоционалното и социјалното здравје на жената во современото општество.

Во услови на динамично секојдневие, каде што обврските се сè побројни, а времето ограничено, грижата за сопственото здравје често останува во втор план. Токму затоа, овој настан создаде простор за искрен разговор, размена на искуства и споделување практични совети за унапредување на личната благосостојба.

Со свои излагања учествуваа:
- Јасна Димитровска, дипломиран психолог и гешталт советник;
- Мирјана Недановска, началник на Отсек за превенција при МВР Битола;
- Каролина Димеска, самостоен инспектор во Отсек за превенција при МВР Битола;
- Наташа Беќирова, семеен терапевт од Женски центар за поддршка.
Им упатуваме искрена благодарност на говорничките за нивната стручност, посветеност и значајниот придонес кон дискусијата, како и на сите присутни кои активно учествуваа и помогнаа да се создаде отворена и инспиративна атмосфера.

Грижата за женското здравје не е само лична одговорност – таа претставува темел за здраво и напредно општество.
