На 12 март 2026 година, претставници од Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“ остварија работна средба со г-ѓа Ирен Кетоф, аташе за соработка при Амбасадата на Франција во Северна Македонија.
Во рамки на средбата, претседателката на „Сумнал“, м-р Фатма Бајрам Аземовска, заедно со координаторката Викторија Михајовска, ја претставија работата на здружението, при што беа презентирани тековните активности, реализираните проекти и иницијативите насочени кон унапредување на положбата на ромската заедница.

Посебен акцент беше ставен на можностите за воспоставување идна соработка и партнерство со Амбасадата на Франција, со цел поддршка на проекти кои придонесуваат за социјална инклузија, подобар пристап до образование и одржлив развој на заедницата.
Здружението „Сумнал“ и понатаму останува посветено на градење стратешки партнерства и имплементација на активности кои создаваат позитивни промени и подобри можности за ромската заедница.

