
Во рамки на Европската недела на младите, Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“ успешно го реализираше настанот „Младински инфо ден: Erasmus+ и европски можности“, кој се одржа во Erasmus+ Инфо центарот во Битола.

На настанот присуствуваа 35 млади, кои имаа можност да се информираат за можностите што ги нудат програмите Erasmus+ и Европскиот солидарен корпус, како и да слушнат реални искуства и практични насоки за учество во младински размени, обуки и волонтерски активности.

Преку интерактивна дискусија, презентација и споделување искуства, младите се запознаа со придобивките од учеството во европските младински програми, развојот на лични и професионални вештини, интеркултурното учење и активното младинско учество.

Особена благодарност упатуваме до Националната агенција за европски образовни програми и мобилност за поддршката и отстапувањето на просторот на Erasmus+ Инфо центарот во Битола.
Исто така, благодарност до сите млади кои беа дел од настанот, особено учениците од СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“ – Битола и професорката Елена Дамчевска Јосифовска за нивниот интерес, активност и учество.

„Сумнал“ и понатаму ќе продолжи да работи на промоција на младинските можности, активното учество и европските вредности кај младите.
🗂 Не застанувај сега. Искористи го она што го научи и продолжи напред. Истражи нови можности: од „Еразмус+“ до волонтирање, од младински мрежи до обука, покажи проактивност во обликувањето на онаа Европа што сакаш да ја видиш.
Твоето патување продолжува овде: https://youth.europa.eu/youthweek
