ПРОЕКТ „МАТЕМАТИКА ЗА МАЛИ“ – ЧЕТВРТИ ТРАНСНАЦИОНАЛЕН СОСТАНОК ВО ШПАНИЈА

Преставници од „Сумнал“ – Здружението за развој на Ромската заедница беа во посета на партнерската организација Fundación Docete Omnes од Гранада, Шпанија, на четвртиот транснационален состанок во рамките на проектот “Математика за мали“ (www.mathsforminis.eu), финансиран од Еразмус + програмата. Состанокот се одржа од 11 до 14 ноември 2019 година во Гранада – Шпанија.

На состанокот беа презентирани резултатите од одржаната изложба Миниматематикум во Гранада и исто така се дискутираше за следните активности.