Проектот ,,Пристап до (само) вработување” има за цел да ги зголеми работните вештини на целната група за влез на пазарот на труд. Преку информирање и мотивација на целната група да учествува во проектните активности ќе се идентификуваат три групи на учесници:
- Невработени лица
- Лица кои активно бараат работа
- Претприемачи и старт-апи бизниси
За сите нив се предвидени четири различни видови на обуки:
- Обука низ работа/практиканство
- Обуки за активно барање на работа и за комуникациски вештини
- Обуки за претприемништво
- Обуки за технички вештини
Проектот е финансиран од ЕУ, а спроведувачи на овој проект се Македонската развојна фондација за претпријатија и локалната агенција за развој Струга во соработка со Здружението за развој на ромската заедница Сумнал.
Во просториите на Сумнал на ден 24 Април, 25 Април, 3 Мај и 4 Мај од 09:00 до 17:00 часот се оддржаа првиот сет на обуки за наоѓање на работа и комуникациски вештини. По завршување на обуките лицата кои ги посетуваа овие обуки се стекнаа со сертификат.








