На 06.02.2020 беше одржан настан под наслов „Запознај ме“ на кој беа претставени активностите на „Сумнал“ во врска со ЕВС проектот „Кажи ДА за промена“ од Еразмус + програмата финансиран од Националната агенција за европски програми и мобилност на Република Северна Македонија. Проектот е поврзан со активностите на Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“ во Битола чија главна цел е промовирање на образованието како клуч за успешна интеграција на Ромите во општеството.

Во текот на настанот имавме можност да ја проследиме прекрасната изведба на професорите Николина Поповска и Марјан Тасевски кои низ поезија и песна ја прикажаа ромската култура и традиција, потоа поетско музичкиот перформанс на реномираниот битолски актер Петар Горко, читање на ромска поезија, видеа со активностите и излагањето на последните двајца волонтери во проектот од Романија, Андреи и Перла. Се надеваме дека во иднина ќе имаме уште вакви настани преку кои ќе ги промовираме нашите актовности и ќе испраќаме пораќа за соживот меѓу различните заедници во Битола.

Голема благодарност до студентките Ферзије Асаноска и Сонита Фејзовска, како и до професорите Николина Поповска и Марјан Тасевски, актерот Петар Горко и сите присутни за придонесот во успешноста на овој настан.

Линк до галеријата https://www.facebook.com/sumnal.bitola/media_set?set=a.1092065004479635&type=3

Линкови од видеата со активностите:

https://youtu.be/tTHL3wjzSl0

https://youtu.be/a-KNr3NqHHo

https://youtu.be/g_KwZUxKjK0