
Викторија Михајловска, претставник на Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“, учестуваше на дводневната меѓународна конференција за „Инклузија и различност” која се одржа во Струмица (01.12.2022 – 02.12.2022 ) реализирана по иницијатива од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и Центарот за развој на човечки ресурси од Бугарија.

Покрај презентациите за добри практики презентирани од организации од двете држави, се реализираше и работа во групи со цел заедничко делување на двете институции за подобрување на инклузивната методологија и ставање на истата во функција.

Конференцијата ја затворија директорите на НАЕОПМ, Марко Ѓоргиевски, и директорот на Центар за развитие на човешките ресурси (ЦРЧР), Михаил Балабанов, кои ги поттикнаа присутните организации за вмрежување и соработка за идни Еразмус+ проекти.

Инклузија и различност значи почитување и ценење на разликите. Да се заложиме уште поинклузивно општество, а со тоа да изградиме подобро утре за сите.


