
Ротари клубот Битола Широк Сокак во соработка со IW Connect, Сајтиро, Нетцетера, Сумнал и ФИКТ го одбележаа Меѓународниот ден на жената со креативен настан насловен како: „Храбри наместо совршени“.

Целта на настнанот беше да го одбележиме денот, кој ги означува културните, политичките и социо- економските достигнувања на жените во различни области.
Ова беше значаен повод за сите кои се вклучени во борбата за родова еднаквост.

Овогодинешното мото на Меѓународниот ден на жената е дигитализацијата: иновациите и технологијата за родова еднаквост. Мотото ја истакнува улогата на иновативните технологии за промоција на родовата еднаквост, како и потребите на жените и девојките за здравје и личен развој.

Целта на настанот беше да им се оддаде признание и да се почитува придонесот што жените и девојките го даваат во технологијата.


