„ВЕДРО НЕБО – ЗДРАВИ УМОВИ“
психолошка поддршка
Ведро небо – здрави умови
Поддршка за млади кои живеат во средини со висока загаденост и се соочуваат со стрес, напнатост или предизвици со менталното здравје.
Овој формулар е наменет за млади од Северна Македонија кои сакаат анонимно да споделат како се чувствуваат, со каков предизвик се соочуваат или да побараат поддршка поврзана со стрес, анксиозност, напнатост, загаден воздух или други тешкотии во секојдневниот живот.
Формуларот е целосно анонимен
Одговори ќе добиете најбрзо што е можно од тимот на проектот „Ведро небо – здрави умови“ (Сумнал).
Важно
Оваа поддршка е неформална и едукативна, и не заменува медицинска или психотерапевтска услуга. Во итни ситуации обратете се до:
- 112 – итна помош
- најблиската здравствена установа
- доверливо лице од семејството или училиштето.
Анонимна поддршка од психолог/ментор
Доколку чувствуваш стрес, анксиозност, тешкотии со концентрација, проблеми со спиење или други предизвици поврзани со загадениот воздух или секојдневниот живот – тука можеш да ни се обратиш.
Формуларот е целосно анонимен.
Одговор добиваш во најбрз можен рок.
Едукативни ресурси и материјали
погледнете ги нашите активности
Подгледнете ги сликите и видеата од нашите активности:





































Настани, работилници и еко-акции
Во рамки на проектот реализиравме едукативни работилници, еко-акции, онлајн кампања и завршен настан
Каде можеш да побараш дополнителна помош?
Оваа платформа нуди неформална психолошка поддршка и едукативни информации.
Не заменува професионален третман.
| Име | Опис | Контакт / веб страна |
|---|---|---|
| Младински Центар Битола | Организација за млади, која меѓу другото нуди и неформални програми за поддршка. |
Website: mcb.mk Адреса: Крушево 5, Битола Телефон: +389 74 245 153 |
| Женски Центар за поддршка – Битола | Советувалиште за жени и деца жртви на семејно/родово базирано насилство; нуди и психолошка поддршка. |
Телефон: 075/393-626 Е-маил: zenskicentarbitola@gmail.com |
| Свесност – Центар за психолошко советување и психотерапија | Центар за психолошко советување и психотерапија во Битола, приватна ординација. |
Локации: ул. Север Југ ДП 1-1, Битола; ул. Пеце Матичевски 58, Битола Facebook страница: Свесност Центар За Психотерапија |
| Клиничка болница Битола – Одделение „Ментално здравје на деца и млади“ | Државна здравствена институција која има и оддел за заштита на менталното здравје на деца и млади. | Веб страна: bolnicabitola.mk |
Контакт на проектниот тим:
sumnalbt@yahoo.com
Сумнал – Центар Битола
Оваа подстраница е дел од проектот „Ведро небо – здрави умови“, поддржан од Европскиот солидарен корпус на Европската Унија преку Националната агенција за европски програми и мобилност на Република Северна Македонија. Содржината на оваа подстраница е единствена одговорност на Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“ и не ги одразува нужно ставовите на Европската Унија, Европската извршна агенција за образование и култура (EACEA). Ниту Европската унија ниту EACEA не можат да сносат одговорност за нив. Целта на проектот е создавање поздрава, поинформирана и проактивна млада заедница која се грижи за менталното здравје и заштитата на животната средина.
