🌍 Младинска размена „Прославување на различноста и градење на иднината“
📅 23–29 мај 2025
📍 Хотел „Молика“ – Национален парк Пелистер, Битола
Во мај 2025 година, Сумнал беше домаќин на младинската размена „Celebrating Diversity & Building the Future“, на која учествуваа млади од Македонија, Грција, Бугарија и Турција.
Размената се фокусираше на инклузија, културна разновидност, активното граѓанство и заштита на животната средина. Преку неформални методи како тимбилдинг игри, дискусии, еко-работилници, посети и културни вечери, учесниците ја истражуваа својата улога во општеството и начини како преку младинска акција можат да придонесат кон позитивни промени.
Некои од највпечатливите активности вклучуваа:
🌿 Водена еко-патека во Пелистер и посета на Инфо центарот,
🏛 Културна тура низ Битола и екскурзија во Охрид со тема „Еко-свесност во движење“,
🧩 Креативни работилници за дизајнирање на заеднички младински проекти,
🎬 Филмска вечер за младински активизам и дебата,
🎉 Интеркултурни вечери и завршна церемонија со доделување YouthPass сертификати.
Оваа активност потврди дека преку неформалното образование и културната размена младите можат да изградат повеќе разбирање, солидарност и одговорност кон општеството и природата.


🌿 Обука за младински работници „Зајакнување на младински работници за инклузија и одржливост“
📅 12–18 јуни 2025
📍 Хотел „Молика“, Национален парк Пелистер – Битола
Во рамки на Erasmus+ Младинската акредитација, Сумнал ја реализираше меѓународната обука „Зајакнување на младински работници за инклузија и одржливост“, која собра младински работници од Северна Македонија, Словенија, Шпанија, Србија и Италија.
Главната цел на оваа обука беше јакнење на капацитетите на младинските работници во поддршката на млади од различни и маргинализирани заедници, преку иновативни, инклузивни и еколошки практики.
Преку интерактивни работилници, симулации, тимска работа и културна размена, учесниците:
💡 ги унапредија своите вештини за интеркултурна комуникација и вклучување на млади,
🌱 се запознаа со практични алатки за промоција на одржливост и еко свест,
🤝 развија кампањи и проектни идеи за идни прекугранични соработки.
Обуката опфати сесии за дигитални алатки во младинската работа, инклузивни наставни методи, медијација и дизајнирање на интеркултурни работилници, како и практични активности на отворено за промоција на еколошка одговорност.
Завршниот ден беше посветен на презентирање на создадените идеи и доделување на YouthPass сертификати.
Оваа обука беше поддржана од програмата Erasmus+, во рамки на долгорочната акредитација на Сумнал во областа на младинската работа.


💙 За акредитацијата во полето на млади на Сумнал
Младинската акредитација на Сумнал доделена од Национаната агенција за европски програми и мобилност на Северна Македонија, претставува долгорочна визија за создавање можности за млади и младински работници преку обуки и размени. Со поддршка од програмата Erasmus+ на Европската Унија, Сумнал континуирано гради инклузивни, одржливи и иновативни младински практики во Северна Македонија и пошироко.
📸 Погледнете галерии и видеа со фотографии и впечатоци од двете активности на нашите социјални мрежи.
#ErasmusPlus #МладинскаАкредитација #Sumnal #Инклузија #Различност #Одржливост #МладинскаРабота #YouthExchange #TrainingCourse #Pelister #Bitola
