Младинска размена „Celebrating Diversity and Building the Future“
📅 23–29 мај 2025 | 📍 Хотел Молика, Пелистер, Битола, Северна Македонија
📌 Аплицирај до: 20 април 2025
За проектот:
Младинската размена „Celebrating Diversity and Building the Future“ ќе собере млади од Северна Македонија, Грција, Бугарија и Турција заеднички да ја истражуваат и прослават културната разновидност преку интерактивни активности, креативна работа и тимска соработка во природа.
Проектот е финансиран преку програмата Erasmus+, а организатор е Здружението Сумнал.
Цели:
-
поттикнување на интеркултурно разбирање и солидарност;
-
активно учество на младите во демократски процеси;
-
зголемување на свеста за еколошката одржливост;
-
јакнење на инклузијата и соработката меѓу млади од различни средини.
👥 Кого бараме?
-
4 учесници (16–29 години) и 1 тим лидер со добро познавање на англиски јазик (18+) од Северна Македонија;
-
отворени, мотивирани млади кои сакаат да учат и соработуваат;
-
учесниците треба да бидат млади со помалку можности (од рурални средини, со економски, социјални, културни или здравствени бариери);
🏞 Што нè очекува?
-
7-дневна програма исполнета со работилници, активности во природа, интеркултурни вечери и забава.
-
Сместување со 3 оброци дневно во Хотел Молика, Национален Парк Пелистер.
-
Надоместок на патни трошоци според Erasmus+ правила.
-
YouthPass сертификат за учество и учење.
📌 Забелешка: За малолетни учесници потребна е родителска согласност (формулар добивате по селекција).
🧭 Што се очекува од учесниците?
-
Активно учество за време на размената.
-
Имплементација на кратка последователна активноат по враќањето (работилница, презентација или кампања во локалната заедница).
-
Достава на краток извештај или фотографии по активноста.
📥 Апликација
Пополнете ја апликациската форма најдоцна до 12 мај 2025 на следниот линк:
🔗 Аплицирај тука
📧 За прашања пишете ни на: sumnalb@yahoo.com


