Успешно реализиран Модул 2: Зајакнување на застапувачки и комуникациски вештини

На 3 мај 2025 година во хотел „Милениум“ во Битола се одржа вториот модул од обуката за млади жени во рамки на проектот „Зајакнување на млади жени – пат кон еднакви можности“, кој го спроведува Сумнал со финансиска поддршка од Еразмус+ програмата на Европската Унија преку Националната агенција за европски програми и мобилност.

Фокусот на овој модул беше ставен на развојот на инспиративна комуникација, јавно говорење и ефективно застапување. Преку вежби за јавно изразување и симулации на реални состаноци со претставници од локални власти, учесничките имаа можност:

  • Да создадат и презентираат инспиративни пораки за теми поврзани со младински права;

  • Да се постават во улоги на застапници, функционери, новинари и граѓани во сценарија инспирирани од секојдневието;

  • Да развијат слогани и застапувачки пораки со јасна цел и визија;

  • Да го зајакнат чувството на самодоверба и подготвеност за јавен настап.

Оваа обука е дел од поширокиот процес на еманципација и активно вклучување на младите Ромки во носењето одлуки и застапување на локално и национално ниво.

👉 Во претстојниот период следуваат уште активности, менторска поддршка и јавна презентација на предлог-политики креирани од самите учеснички.