Во рамки на проектот „Театарска претстава за здрави одлуки – превенција на зависности“, на 3 мај 2025 година се одржа едукативна работилница со младите учесници на проектот. Целта на оваа активност беше да се подигне свеста кај младите за штетните последици од консумацијата на алкохол и употребата на наркотични средства, со акцент на психолошките аспекти на зависноста.

Работилницата ја водеше психологот Марија Младеновска Димитровска, која преку интерактивен пристап ги воведе младите во теми поврзани со симптомите на зависност, промените во однесувањето кај зависниците и долгорочните последици врз менталното здравје и социјалното функционирање.

Особено внимание беше посветено на личната одговорност, донесувањето информирани одлуки и препознавањето на ризични ситуации. Во завршниот дел од работилницата, учесниците активно учествуваа во креативна сесија каде што формулираа лични изјави и пораки со силна превентивна и мотивациска порака.

Проектот „Театарска претстава за здрави одлуки – превенција на зависности“ е финансиран од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност преку програмата Европски солидарен корпус на Европската унија.

