Работилница со работодавачи: Поддршка за инклузивно вработување на возрасни Роми

На 30 април 2025 година, во Хотел „Милениум“ – Битола, се одржа работилница наменета за локални работодавачи во рамките на проектот „Процесот оди во пракса“ / “PROCEED goes practice”, кофинансиран од програмата Erasmus+ на Европската Унија.

Оваа активност беше организирана од Здружението за развој на ромската заедница – СУМНАЛ, како дел од стратешките активности за зајакнување на соработката меѓу граѓанскиот сектор и приватниот сектор во процесот на инклузија на возрасни Роми на пазарот на труд.

Цели на работилницата:
  • Промоција на новоизработениот Прирачник за работодавачи, кој содржи практични насоки за креирање инклузивни работни места.

  • Подигнување на свеста за потенцијалите, културата и вештините што ги носи ромската заедница.

  • Поттикнување на дијалог меѓу работодавачите и граѓанските организации за потребите, предизвиците и можностите за вработување на припадници од ранливи категории.

Клучни теми:
  • Вештини и традиционални занимања на ромската заедница;

  • Придобивки за компаниите од диверзитет и општествена одговорност;

  • Можности за финансиска поддршка при инклузивно вработување;

  • Успешни европски практики и примери за инспирација.

Работилницата резултираше со зголемена свесност и заинтересираност од страна на неколку локални работодавачи за вклучување во идни иницијативи за менторирање, обука и вработување на возрасни Роми.

Им се заблагодаруваме на сите присутни учесници, партнери и поддржувачи за нивниот придонес кон градење еднакви можности за сите.

📥 За пристап до Прирачникот за работодавачи или за повеќе информации, слободно контактирајте нè.