🎭 Одржана едукативна работилница за млади: Превенција од дрога и алкохол, зајакнување на самодовербата

На 5 април 2025 година, во просториите на хотел „Милениум“ во Битола, се одржа едукативна работилница за 30-тина млади ученици на возраст од 13 до 25 години, во рамки на проектот „Театарска претстава за здрави одлуки – превенција на зависности“.

Целта на оваа работилница беше да се едуцираат младите за штетните последици од употребата на дрога и алкохол, како и да се поттикне свесноста за личниот избор, самодовербата и отпорноста на негативни влијанија. Преку интерактивни вежби и дискусии, младите учесници имаа можност:

  • да научат како да препознаат ризична ситуација,
  • да развијат стратегии за одбивање на понуди поврзани со дрога и алкохол,
  • и да разговараат за важноста на самодовербата во градењето на здрави одлуки.

Работилницата ја водеа истакнатите стручњаци од областа на менталното здравје – Д-р Марина Кузмановска, клинички психолог, и Наташа Бекирова, психолог и системски семеен терапевт. Нивниот пристап беше практичен, интерактивен и приспособен на возраста и искуствата на учесниците.

🎯 Оваа работилница е дел од подготовките за театарската претстава која ќе биде резултат на процесот на учење и креативна експресија на самите млади. Претставата ќе има за цел да ја пренесе пораката за здрави животни избори до пошироката заедница.

📌 Проектот „Театарска претстава за здрави одлуки – превенција на зависности“ е финансиран од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност на Република Северна Македонија преку програмата Европски солидарен корпус на Европската Унија.