
На почетокот на април 2025 година, во рамките на проектот „Театарска претстава за здрави одлуки – превенција на зависности“, се реализира првата едукативна работилница со младите учесници. Оваа активност имаше за цел да ги едуцира младите за штетните последици од зависности како што се:
- пушењето цигари и електронски цигари,
- консумацијата на алкохол,
- и употребата на наркотични средства.

🛡️ Работилницата се одржа во соработка со Одделението за превенција при СВР Битола, чии претставници на интерактивен начин ја приближија темата до младите, преку дискусија, примери од праксата и практични совети за справување со притисоци и ризични ситуации.
Проектот ги таргетира младите на возраст од 13 до 18 години – и Роми и не-Роми – и има за цел да ја зголеми свесноста за последиците од зависностите преку театар како средство за едукација и ангажман. Вкупно 20 млади учесници директно се вклучени во театарската продукција, преку која ќе ги пренесат клучните пораки до своите врсници и пошироката заедница.

🎬 Оваа активност претставува важен чекор во подготвителниот процес за создавање на театарската претстава, која ќе биде изведена во текот на проектот и ќе понуди силна порака за здрави избори, отпорност на притисоци и активно вклучување на младите во општеството.
📢 Проектот е финансиран од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност на Република Северна Македонија преку Европскиот солидарен корпус на Европската Унија.


