Бесплатни превентивни прегледи

Во месец јуни и јули 2023 година во просториите на “Сумнал“ – Скопје се спроведоа бесплатни превентивни прегледи кои вклучуваа: анамнеза, физикален преглед, мерење на шеќер во крв, аускултација на срце и бели дробови, мерење на крвен притисок и сатурација на кислород од страна на лиценциран лекар.
Исто така пациентите добија и совети во врска со нивната здравствена состојба и ако било потребно упатување во релевантна здравствена установа.
Присутните добија и мултивитамински таблети кои ќе им помогнат да си го зајакнат имунитетот.
Активноста беше спроведена како соработка помеѓу Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“ и Здружението на лекари специјализанти – ЗЛС во рамките на проектот „И ти си важен!“ кој е финансиран од Цивика Мобилитас.