AE4WOMEN – Образование на возрасни за маргинализирани групи

Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“ во партнерство со невладините организации „Лачо Диве“ и „Ромаг“ во моментот вршат теренска работа, односно се врши анкета во рамки на проектот „AE4WOMEN – Образование на возрасни за маргинализирани групи“.
Се истражува за потребата на маргинализираните жени во областа на образованието за возрасни со цел да се добијат повеќе информации околу тоа какви можности за образование и обука треба да им се нудат и на кој начин во полето на зелени и дигитални вештини.
Во рамки на проектот се одржа транснационален состанок од 19-21 мај 2023 година во Битола за дефинирање на методологијата за пристап кон маргинализираните жени и жените жртви на семејно насилство како учесници. На состанокот се дискутираше и за размена на добри практики поврзани со методологијата за пристап до маргинализирани жени и жени жртви на семејно насилство, зелени вештини за маргинализираните жени и за утврдување на методологијата за проценка на потребите за учење на жените поврзани со тема за користење на водните и енергетските ресурси и процесите на рециклирање дома и на платена и неплатена работа што ја вршат.
Проектот AE4WOMEN има за цел да го олесни пристапот до образованието за возрасни кај маргинализирани жени и жени жртви на родово базирано насилство.
Проектот е финансиран од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во рамки на програмата Еразмус +, КА 210 – ADU Партнерства од мал обем во полето на образование на возрасни.