Волонтерите на Мировниот Корпус, во посета на канцеларијата на „Сумнал“ во Битола

На 23.02.2024 година, канцеларијата на „Сумнал“ во Битола ја посетија волонтерите на Мировниот Корпус во Битола, Кази Алтаф Махмуд кој волонтира во „Порака Нова“ и Џек Молитор, кој волонтира во Младинкиот културен центар, како и Фулрбрајт асистентот по англиски јазик на Педагошкиот факутет, Џејкоб Мол.

Целта на нивната посета беше да се запознаат со нашата организација и нашите млади учесници и членови од Ромската заедница заедно со други млади со помали можности за да разменат мислења и идеи околку идни активности според нивните потреби, особено во однос на учењето и вежбањето на комуникациските вештини по англиски јазик.

 

 

 

 

Сите заедно дискутираа и споделија идеи кои би можеле да се имплемнтираат во наредниот период.