Повик за учесници во рамките на проектот „Младите жени и девојки вклучени во заедницата“

📣‼️ ПОВИК ЗА УЧЕСНИЦИ НА ОБУКА „МЛАДИТЕ ЖЕНИ И ДЕВОЈКИ ВКЛУЧЕНИ ВО ЗАЕДНИЦАТА“‼️

Бидете дел од активностите на проектот и станете активни граѓани вклучени во вашата заедница!

🗓Кога: 16-17 март 2024 година

📌Каде: Хотел „Милениум“, Битола

ℹ️ Сите заинтересирани млади девојки и жени со помалку можности од Битола и околината (Пелагониски регион) од 18 до 29 години кои сакаат да учествуваат во обуката и активностите на проектот може да се пријават со пополнување на формуларот на следниот линк:

https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSeTF5eydDcFNfY–A8kbVZ2RJqL55wMcvrv5HKZzXN3IGb27w/viewform

🕟КРАЕН РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ Е 11.03.2024 (ПОНЕДЕЛНИК)

❓За повеќе информации контактирајте не на sumnalb@yahoo.com

Што значи тоа со помалку можности:

Конкретно, младите жени и девојки со помалку можности се млади луѓе кои се во понеповолна положба во споредба со нивните врсници бидејќи се соочуваат со една или повеќе од ситуациите и пречките споменати во нецелосната листа подолу. Во одредени контексти, овие ситуации или пречки ги спречуваат младите луѓе да имаат ефективен пристап до формално и неформално образование, транснационална мобилност и учество, активно граѓанство, зајакнување и вклученост во општеството во целина. Кога зборуваме за исклучување, вообичаено би се однесувале на намален пристап до: домување, економија/работа, здравје, култура, образование.

Следствено, младите луѓе со помалку можности се оние кои се соочуваат со социјални, економски или географски пречки, се справуваат со образовни тешкотии или културни разлики, имаат здравствени проблеми или попречености и имаат ограничен пристап до социјалните права. Ромите особено спаѓаат во оваа категорија.