
Со четки и боја во рацете, млади волонтери, го разубавуваа просторот во дневниот центар за развој на ромската заедница „Сумнал“ сликајќи цртежи и шарени мурали по повод Меѓународниот ден на млади.
Акцијата, „Време е за активизам“ во организација на Младинскиот образовен форум (МОФ) преку креативен процес ги сплоти на едно место младите, но и повозрасните од различни културни средини.

Tие велат дека процесот на волонтирање и активизам им помага полесно да се запознаат, но и да си помогнат едни со други.
Волонтерите, под менторство на студентите од Факултет за дизајн и мултимедија – AUE – FON, го разубавија нашиот младински центар „Сумнал“ во Скопје, сликајќи шарени мурали и интерактивни игри во дворот. Исто така, тие го уредија просторот за учење со новообоена табла, македонската азбука на ѕидот и пријатно катче за читање со нови книги.
Нашиот младински центар опслужува околу 150 млади Роми, обезбедувајќи им образовна поддршка, помош во формалното образование и можности за креативно изразување.

Голема благодарност до студентите Теодор Петровски, Магдалена Добревска, Стефан Христовски, Стефан Лесански, Леонора Голова и Теа Николовска и професорите Милош Милосављевиќ и Марија Ветероска за нивниот придонес и менторство на младите.
Оваа иницијатива е иницирана од МОФ и „Сумнал“ во рамки на проектот на УСАИД за млади кои активно создаваат можности. Покрај овие три организации вклучени се и организацијата Рома Верситас и Центарот за едукација Генијалци.

Проследете ја атмосферата преку видеото https://www.facebook.com/reel/1428943890987135

