Преку ИОМ, во рамки на проектот: ,,Вработување на Ромите преку развој на вештини и одржлива интеграција на пазарот на трудот, посебно на жените Ромки” се одржаа низа работилници на теми: илегална миграција, трговија со луѓе, интеграција на жената Ромка на пазарот на трудот, девојчињата Ромки и образованието, семејно насилство-превенција и заштита итн. Овие работилници се вкупно 15 на број и се одржуваат во просториите на Сумнал од страна на Билјана Настовска.
Освен овие информативни и едукативни работилници кои се од интерес за младата Ромска популација, следуваа и низа на обуки за младите невработени лица кои се на возраст од 18 до 30 години. Младите имаа можност да следат курсеви и обуки за негователи на стари лица, фризери и козметичари за нега на лице и тело. Тие имаа можност на практичен начин да научат нешто повеќе за овие професии, како и да се стекнат со диплома за завршен курс.


