ФЕСТИВАЛ НА РАЗЛИЧНОСТИТЕ 2016

Двајца претставници на СУМНАЛ земаа учество на второто издание на ,,Фестивалот на различностите’’, организиран од 7 до 14 август во Москва и московската регија.

Повеќе од 100 млади луѓе заедно работеа на фестивалската програма, која беше прикажана на сцена пред публиката на 13. aвгуст 2016 година. Концептот на програмата беше да се престави на креативен начин, од една страна разноликоста, а од друга страна предизвиците со кои националните малцинства се соочуваат во денешницата. Нашите членови имаа можност да ги презентираат ромската култура и традиции, историјата и симболиката на ромското знаме, спецификите на ромската носија, музичките инструменти и истакнатите личности од ромска припадност. Истовремено, беше промовирана и мисијата на СУМНАЛ како организација за развој на ромската заедница на локално и национално ниво. Во рамки на фестивалот, беа одржани низа тематски дискусии, како и разновидни работилници и спектар на активности за културна размена и градење мостови помеѓу малцинствата од цела Европа. Настанот беше во организација на ,,Jugendring der Russlanddeutschen’’ и ,,Youth of European Nationalities’’ (YEN).