,,Со добра информација кон решение”

Сумнал започнува со имплементација на проектот ,, Со добра информација кон решение” поддржан и финансиран од Влада на Република Македонија. Со проектот се планира преку обуки, од сферата на информатичко – комуникациските технологии во сите сегменти на живеење, младите Роми да се здобијат со вештини и знаења, кои ќе ги применат во понатамошниот во општетсвениот и јавниот живот во Република Македонија
На овој начин ќе се промовираат, позитивните аспекти на младите, а личностите кои ќе поминат обука ќе послужат како позитивни модели и инспирација за личен и професионален развој на младите Роми.
Збогатеното знаење ќе даде импулс за понатамошен развој на заедницата на Ромите во напорите за што поголема социјална, културна и економска интеграција во современото македонско општество.
Главната цел на проектот е ајакнување на капацитетите на младите Роми преку примена на информатичко – комуникациските технологии која ќе се реализира преку:
1. Зајакнување на капацитетите на младите Роми за развој и примена на информатичко – комуникациските технологии во сите сегменти на живеењето;

2. Обезбедување на компетенции потребни за пазарот на трудот и развој на економијата, како и создавање на олеснителни услови за пристап до информатичко-комуникациски технологии и зголемување на информатичко-комуникациските вештини кај младите Роми.

Проектот ќе се реализира локално ниво во општина Чаир, Скопје, Република Македонија.
Целно подрачје е општината Чаир со опфат на 10 млади Роми кои ќе се здобијат со обуки за комуникациско-информатички вештини.

Обуките ќе се одржуваат во просториите на СУМНАЛ, Скопје.