“Застапување и лобирање за подобро вработување на Ромите во општина Чаир”

Во рамките на проектот “Застапување и лобирање за подобро вработување на Ромите во општината Чаир”, господинот Ведат Зилбеари како претставник од Агенцијата за вработување на Р.Македонија одржа работилница за лица од заедницата преку која ги запозна со активните мерки за вработувања.

Проектoт е финасиран и поддржан од Македонскиот центар за меѓународна соработка – МЦМС и Асоцијација Иницијатива за социјална промена – ИнСоК – Скопје во рамките на проектот Пристап на Ромите до фондови, финасиран од страна на програмата „Да се направи максимум со ЕУ фондовите за Ромите” на Институт отворено општество Будимпешта.