
Како дел од проектот „„Ги штитиме ромските деца и семејства – ЗАШТИТА ЗА СИТЕ“ кој „Сумнал“ започна да го имплементира од 14 август оваа година, се спроведоа активности за теренска работа и подготовка на едукативни материјали.
Во периодот помеѓу 14-ти август и 1-ви септември 2020 година, шест теренски работници ги таргетираа корисниците на проектот според следните групи:
– идентификација на деца и семејства на кои им е потребна едукативна помош и
– идентификација на деца и семејства на кои им треба советување од психолог во врска со стрес, анксиозност и семејно насилство предизвикано од Ковид-19 пандемијата.
Во истиот период тројца едукатори работеа на развивање на едукативна стратегија која се состои од:
– развој на Прирачник за наставници/едукатори, родители и деца;
– развој на едукативни материјали со активности и препораки;
– подготовка и дизајн на Прирачникот и едукативниот материјал за печатење;
– дефинирање на теми и активности за работилниците.
Следниот чекор од проектните активности е печатење, а потоа и дистрибуција на Прирачникот и едукатувните материјали на корисниците.
Проектот е финансиран од ОБСЕ – Мисијата во Скопје.



