Во рамките на „Исклучителниот повик за предлози: Ковид-19“ од ОБСЕ – Мисијата во Скопје, СУМНАЛ доби можност да го спроведе проектот „Ги штитиме ромските деца и семејства – ЗАШТИТА ЗА СИТЕ“ како дел од непосредната реакција на кризата, а како дел од институционалната поддршка, проектот „Континуирано on-line учење – „НИЕ УЧИМЕ“.
Проект: Ги штитиме ромските деца и семејства – ЗАШТИТА ЗА СИТЕ
На 14.08.2020 година, Сумнал започна со имплементација на проектот: „Ние ги штитиме ромските деца и семејства – ЗАШТИТА ЗА СИТЕ“, кој ќе трае три месеци.
Целта на овој проект е да се обезбедат едукативните услуги за Ромите што ги дававме порано, но сега со посебен фокус на мерките за заштита од Ковид-19. Активностите се состојат од обезбедување на потребната помош, насоки и едукативни активности за децата и нивните семејства, со цел да се стекнат со потребните знаења и вештини, да ги подобрат веќе поестоечките и да се олесни процесот на учење. Од клучно значење и потребно е тие да ги добијат сите информации и помош во врска со Ковид-19 за да бидат заштитени и соодветно да одговорат на мерките за спречување и запирање на ширењето на Ковид-19.
Активностите вклучуваат:
– Едукативни активности во форма на онлајн часови за деца од I до III одделение;
– Работилници на различни теми во врска со интересот на корисниците (целна група се родителите);
– Едукативни материјали – објавување на „Прирачник за поддршка во образовниот процес на ученици Роми и работа со родители и наставници за време на пандемијата со Ковид-19“ и брошура со „Активности и препораки за поддршка на родителите за време на пандемијата со КОВИД-19 ”;
– Индивидуално или групно советување од психолог;
– Дополнителна активност – работа на терен за давање информации на тешко достапните членови од ромската заедница (собирачи на хартија, пластика и железо) за Covid-19 и мерките за заштита.
Проектот е финансиран од ОБСЕ – Мисијата во Скопје како дел од иницијативата на Фондот за COVID во делот на итна поддршка, дизајниран да ги поддржи локалните организации во решавањето на потребите на најранливите и недоволно услужени заедници за време на кризата со Ковид-19.
Проект: Континуирано on-line учење – НИЕ УЧИМЕ
“Континуирано on-line учење – НИЕ УЧИМЕ” е проект кој има за цел да им овозможи континурано on-line учење на 100 деца од ромски семејства во Битола и Скопје.
Проектот отпочна во август оваа година како одговор на COVID 19 кризата и неможноста да се реализираат едукативните активности на НВО СУМНАЛ во нормални услови со присуство на дечињата во центрите во Битола и Скопје. Со финансиска поддршка на ОБСЕ, набавени се 100 таблети заедно со интернет картички кои ќе им бидат доделени на дечињата кои немаат ИТ опрема и на кои заради пандемијата им беа скратени можностите за непречено образование. НВО СУМНАЛ ги адаптира своите програми за on-line настава и заедно со своите посветени едукатори и волонтери во текот на овој месец ќе отпочне со on-line настава за 100 дечиња.
Поддршката од ОБСЕ – Мисијата во Скопје е обезбедена преку нивната иницијатива за Фондот за COVID во делот на институционална поддршка, дизајнирана да ги поддржи локалните организации во решавањето на потребите на најранливите и недоволно услужени заедници за време на кризата со Ковид-19.


