На 14 април 2026 година се одржа настанот „Гласот на боите“, каде младите уметници преку своите креативни дела испратија силни пораки за соживот, почит и заедништво. Секој цртеж претставуваше уникатна приказна, а заедно создадоа впечатлива уметничка целина која ја одразува моќта на младинската креативност.

Настанот беше отворен од младите изведувачи:
- Миа Мицевска
- Ивана Трајковска
- Софија Костовска
- Марија Кулевска
- Софија Славкоска

За одличната атмосфера дополнително се погрижија:
- Андреј Митровски
- Јан Нечак
- Михаил Димовски
Во рамки на ликовниот конкурс беа доделени награди во две категории:
Основно образование:
- 🥇 Димитра Петровска
- 🥈 Ангелина Милевска
- 🥉 Христијан Крстевски и Даниел Бајрамов
Средно образование:
- 🥇 Матеа Илиевска
- 🥈 Ема Петровска и Јована Стрезоски
- 🥉 Јана Василевска и Миа Мицевска

Публиката ги избра своите фаворити:
Основно образование:
- 🥇 Ангелина Милевска
- 🥈 Христијан Крстевски
- 🥉 Димитра Петровска
Средно образование:
- 🥇 Матеа Илиевска
- 🥈 Јана Василевска
- 🥉 Ема Петровска

Искрена благодарност до сите учесници кои дадоа свој придонес:
Михаела Марковска, Симона Димовска, Јована Павловска, Јована Велевска, Емилија Цветановска, Павел Каранфиловски, Андреа Ресановиќ, Елена Грујевска, Ана Стојкоска, Јана Бошковска, Селма Исмаили, Стефан Ѓоргиески и Ана Димеска.
Посебна благодарност и до менторите:
Александар Поповски, Нела Петровска и Кристина Стојанова.
Посебна вредност на проектот претставува фактот што делата на младите беа претставени и пред меѓународна публика, носејќи ја нивната креативност надвор од границите и придонесувајќи кон промоција на интеркултурен дијалог.

Ликовниот конкурс „Гласот на боите“, реализиран од Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“ во соработка со Општина Битола, се спроведе во рамки на солидарниот проект „Мостови на пријателство“, чија цел е да поттикне соживот, толеранција и меѓусебно почитување помеѓу различните заедници.
Проектот е финансиран од Националната агенција за европски програми и мобилност преку програмата Европски солидарен корпус на Европската Унија.

