
На 19 април 2026 година, во спортската сала на СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“ – Битола, успешно се реализираше меѓуучилишниот танцов настан „Мостови на пријателство“ – динамичен и инспиративен настан исполнет со енергија, емоции и вистинско заедништво.
Настанот претставуваше повеќе од танцова сцена – тој беше простор каде младите од различни училишта, култури и заедници создадоа мостови на почит, разбирање и пријателство.

Настанот беше збогатен со инспиративни обраќања од:
- Тони Коњановски – градоначалник на Општина Битола
- Ферзије Асановска – претставник од Здружение „Сумнал“

Настанот е дел од солидарниот проект „Мостови на пријателство“, реализиран од Здружение „Сумнал“ во соработка со Општина Битола, а финансиски поддржан од Национална агенција за европски програми и мобилност преку програмата Европски солидарен корпус на Европската Унија.

Посебна благодарност до СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“ – Битола и директорката Лидија Споа за гостопримството и поддршката.
Водител на настанот беше Божидар Николовски, кој придонесе за позитивната атмосфера со својата енергија и професионалност.

Програма
Гостински настап
Танцов спортски клуб „Спартакус“ – ментор Дона Димовска
Учесници: Софија Апостоловска, Софија Николовска, Димитра Филиповска, Дијана Кукановска, Петар Петрески, Ангела Топаловска, Сара Поповска

Ревијален дел
СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“ – Битола
Учесници: Ана Талевска, Катја Козарова, Бојана Бејковска, Јована Крајчевска, Маја Крстевска

Натпреварувачки дел
ООУ „Даме Груев“ – ментор Нела Неделковска
Исидора Ангелевска, Стефанија Гагачовска, Лусиа Мајриковска, Ева Крстевска, Ива Геровска, Ангела Трајковска, Изабела Настевска, Миа Трајчова, Хана Ѓоргески, Тамара Талевска, Андреа Мандовски

ООУ „Гоце Делчев“ – ментор Кристина Вељановска
Луција Јерчиќ, Ана Думеска, Матеја Тамбура, Николија Костовска, Ана Марија Спировска, Катја Босилкова

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ – ментор Ирена Митревска
Незире Таирова, Фатиха Имероска, Сонѓул Мустафа, Мелек Јашар

ООУ „Стив Наумов“ – ментор Фросина Макаловска
Софија Крстевска, Мартина Премовска, Атанасија Митревска, Антонија Димовска, Глорија Тодоровска, Јана Јанкова, Јана Кировска, Матеа Јанакиевска, Софија Ивановска

ООУ „Тодор Ангелевски“ – ментор Маја Митревска
Изабела Давчева, Деана Трајковска, Анастасија Паревска, Ана Босилковска, Јана Степановска, Теона Ицаноска

ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – ментор Жанета Ристевска
Нина Ташковска, Сара Трајковски, Викторија Марковска, Мишел Бошевска, Карла Гарабиљевиќ, Ива Тодорова, Елиф Максути, Марија Најдовска

Жири
Јагода Димовска, Михајло Сиљанов, Катја Козарова, Ана Талевска, Бојана Бајковска, Јована Крајчевска и Маја Крстевска

Резултати
🥇 Прво место: ООУ „Гоце Делчев“ – Битола
🥈 Второ место: ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Битола
🥉 Трето место: ООУ „Тодор Ангелевски“ – Битола

Настанот „Мостови на пријателство“ уште еднаш ја потврди важноста на младинските иницијативи во градењето на инклузивно општество. Преку танцот, младите не само што ја изразија својата креативност, туку и ја зацврстија меѓусебната поврзаност, покажувајќи дека различностите се богатство кое обединува.

