
На 12.12.2023 година во ООУ„Ѓорѓи Сугарев“ беа спроведени и следните 2 работилници во рамките на проектот „Градиме нови мостови преку уметност и култура“. За импементирање на работилниците учесниците од ООУ„Даме Груев“ овојпат беа на гости кај Сугаревци.

Темата на работилницата беше за изработка на уметнички дела со линолеум. Учениците накратко се запознаа со историјата, видовите и техниките за создавање уметност со линолеум, а потоа и самите создаваа свои дизајни гравирајќи ги во парчето линолеум. Крајниот производ ќе биде претставен за време на изложбата која е планирана да се изведи на крајот од проектните активности.

Овие се дел од активностите на проектот кои на крај ќе доведат до зајакнување на капацитетите на младите од двете основни училишта низ етничката поделба за промовирање на меѓуетничкиот дијалог, граѓанските вредности и борбата против дискриминацијата преку активности и иницијативи засновани на уметност и култура. Активностите ќе продолжат и во 2024 година.

Проектот е финансиран од Мисијата на ОБСЕ во Скопје преку нивниот младински меѓукултурен уметнички фонд „Градиме нови мостови“.

