Дружење за подолг живот

Изминатата недела, во Центарот на “Сумнал” нашите волонтери на корисниците им мереа крвен притисок. Исто така се зборуваше колку е важно да се грижат за здравјето.
Ги поканивме и корисниците од Приватната установа за социјална заштита на стари лица ДОМ Софија – Битола на заедничка кафе дружба и размена на идеи и искуства.
Благодарност до Приватната установа за социјална заштита на стари лица ДОМ Софија – Битола за нивната соработка.
Исто така нашата волонтерка Семра им го збогатува социјалниот живот на возрасните од нашата заедница во Топаана, Скопје.
Разговара со нив за за 4 – ти февруари, Светскиот ден на ракот. Светскиот ден на ракот е единствениот ден на глобалниот здравствен календар каде сите ние можеме да се обединиме под еден знак, знакот на борба против ракот на позитивен и инспиративен начин.
4 февруари е посветен на подигање на свеста за борба против ракот и охрабрување за негова превенција, откривање и третман.
Ти благодариме Семра за пренесената порака дека многу важно е превенцијата и раното откривање.
Активностите се дел од проектот „Зајакнување на отпорноста на старите лица и лицата со попреченост за време на КОВИД-19 и идни катастрофи“ е иницијатива во регионот на Западен Балкан, координирана од Црвениот крст на Србија и поддржана од Европската унија, Австриската агенција за развој и Австрискиот Црвен крст.