Солидарен проект „Заедно посилни“ – Активности

На ден 07.02.2023 со нашите корисници се дружевме и разговаравме колку ги користат социјалните мрежи, што значат тие и дали и колку се зависни од нив, како и дали препознаваат говор на омраза.
Потоа заедно ја посетивме Приватната установа за социјална заштита на стари лица ДОМ Софија – Битола каде што се дружевме и разговаравме.
Домаќините не запознаа со работата и активностите на Приватната установа за социјална заштита на стари лица ДОМ Софија – Битола.
Ја користиме можноста да и се заблагодариме на проф. д-р Гордана Ристевска на поканата и гостопримството.
Денот ни помина исполнет со позитивни впечатоци и најбитното да го споделиме е дека нашите корисници си ги пронајдоа пријателите во Домот после 20 години.
Светот е мал😄
Активноста е во рамките на солидарниот проект “Заедно посилни”, финансиран од Националната агенција за европски програми и мобилност на Република Северна Македонија преку Еразмус + програмата.