На 25.05.2023 година, родители од ОOУ „Даме Груев“- Битола имаа можност да учествуваат на работилница од проектот „Еко-пријателска мобилност“ со цел подигнување на свеста кај младите за улогата на сообраќајот во заштита на животната средина.

Оваа работилница се одржа и за учениците, но многу важен фактор за одржливост и применливост на стекнатите знаења е кога и родителите и децата заедно учествуваат во давање предлози, идеи и споделувањe на велисипедот, електронските возила и пешачењето како начин на движење во градот и околината.

И благодариме на директорката на ОOУ „Даме Груев“ – Битола, Биљана Дамчевска Бакиевски, и наставничката Соња Јанкуловска.

Оваа активност е дел од проектот „Еко-пријателска мобилност“ со регистарски број 2022-3-МК01-KA154-YOU-000098748, финансиран од Националната агенција за европски програми и мобилност преку Еразмус + програмата на Европската Унија.

