Работилница во рамки на проектот „Еко пријателска мобилност“

Полициски службеници од полициската станица за безбедност на сообраќајот Битола при СВР Битола, во соработка со Здружението за развој на ромската заедница – „Сумнал“ од Битола, на 22.05.2023 година реализираа едукативна работилница за учениците од основното училиште „Даме Груев“ од Битола на темата – „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“.
Активноста е дел од проектот „Еко-пријателска мобилност“ со регистарски број 2022-3-МК01-KA154-YOU-000098748, финансиран од Националната агенција за европски програми и мобилност преку Еразмус + програмата на Европската Унија.
При тоа на учениците, преку наменски подготвена едукација им беше објаснета улога на сообраќајниот полицаец, како и основните знаења од областа на сообраќајот и сообраќајните правила и прописи . Исто така, на учениците им беше објаснето дека и тие како активни учесници во сообраќајот како пешаци и велосипедисти треба доследно да ги почитуваат сообраќајните правила пред се заради нивната безбедност.