
Со задоволство информираме дека Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“ активно учествуваше на почетниот (Kick-off) состанок на проектот RomaCHAT, кој се одржа во периодот од 16 до 19 март 2026 година во Плауен, Германија.

Како партнер во овој значаен Erasmus+ проект, „Сумнал“ е дел од меѓународна соработка насочена кон унапредување на здравствената едукација, како и обезбедување поголема поддршка за ромските жени и девојки.

На состанокот беа детално презентирани целите на проектот, планираните активности, како и следните чекори за негова успешна имплементација. Претставниците на сите партнерски организации активно придонесоа во дискусиите, поставувајќи основа за ефективна и координирана соработка во наредниот период.

Учество во вакви проекти претставува значаен чекор кон зајакнување на капацитетите на организацијата и придонес во развојот и унапредувањето на ромската заедница на локално и меѓународно ниво.
