Секоја година, високите температури влијаат на здравјето на многу луѓе, особено постарите лица, новороденчињата, луѓето кои работат на отворено и хронично болните. Топлината може да предизвика исцрпеност и топлотен удар и може да ги влоши постојаните состојби – како што се кардиоваскуларни, респираторни, бубрежни или ментални заболувања.
Несаканите влијанија на топлото време врз здравјето во голема мерка се спречуваат преку добра практика на јавно здравје, истовремено следејќи ги советите на докторите.
Нашата Семра Бајрам одржа работилница и ги кажа препораките од докторите.
Активностите се дел од проектот „Зајакнување на отпорноста на старите лица и лицата со попреченост за време на КОВИД-19 и идни катастрофи“ кој е иницијатива во регионот на Западен Балкан, координирана од Црвениот крст на Србија и поддржана од Европската унија, Австриската агенција за развој и Австрискиот Црвен крст.


