На ден 19.07.2023 година претставници на Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“ остварија средба со Ѕала Бојковска од организацијата „Семпер“, како членки на Нацоналната мрежа против насилство врз жените и семејното насилство.

На средбата се разговараше за тековни активности со особен акцент на активностите кој ги реализира Женскиот центар за поддршка – Битола.
Мораме да го искажеме нашето големо задоволство од работата на Женскиот центар за поддршка – Битола. Потребата на нашите корисници да го посетат и да ги користат услугите кои се нудат, расте од ден на ден.
Женскиот центар за поддршка – Битола е финансиски поддржан од Општина Битола и истиот е раководен од Националната мрежа против насилство врз жените и семејното насилство, а партнер е НВО “Одраз”.
Оваа активност се спроведува во рамките на проектот „Застапување за обезбедување на пристапни сервиси за помош и поддршка на жртви на родово базирано насилство и семејно насилство во Битола – Пелагониски регион“ во склоп на проектот „На патот кон ЕУ: Спречување на насилство врз жените во Република Северна Македонија” спроведуван од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, а со финансиска поддршка од Фондацијата Kвина тил Квина (Kvina till Kvina Fondation).

