Магични подароци

Св. Никола и неговите чуда ни ги донесе Александра Шкемби Антовска – генерален директор на Уника Лајф и Емил Кратовалиев – директор на правна служба и член на управен одбор на УНИКА АД. Тие донесоа магични пакетчиња за децата од „Сумнал“ здружение за развој на ромската заедница.

Дарувањето подароци за време на новогодишните и божиќните празници е водена од вистинската желба да се направи позитивно влијание, да се зајакнат врските во заедницата и да се придонесе за благосостојбата на поединците и семејствата за време на празничната сезона. Тоа ја одразува посветеноста на општествената одговорност на УНИКА А.Д. и УНИКА ЛАЈФ. Преку оваа иницијатива, ние се стремиме да го отелотвориме вистинскиот дух на Божиќ и Нова година со насмевка на лицата и создавање трајни спомени за оние кои можеби се соочуваат со предизвици.

Во име на „Сумнал“ здружението за развој на ромската заедница веруваме дека со здружување, можеме да направиме позитивно влијание врз светот околу нас. Додека ја споделуваме топлината на дарувањето подароци, на сите им посакуваме радосен и мирни праници, исполнет со љубов, добрина и дух на давање.