
На работилницата за развивање на меките вештини на младите лица, која беше одржана на 27.10.2023 година во просториите на СУМНАЛ – Битола, присутни беа млади лица од основното, средното и високото образование од Битола.

Работилницата која беше од интерактивен вид, им ги појасни на присутните термините: вештина, поделбата на вештините, кои вештини постојат, како и важноста на развивањето на истите.

Низ низа на прашања, дискусии, опис на слики, лични и општи примери, симулација на ситуации, интервју за вработување и квиз, младите добија можност да научат повеќе, да ги прошират своите искуства и видици, но и да ги искажат своите знаења, мислења и ставови.

Работилницата помина успешно, имаше голем број на заинтересирани и истите успешно дискутираа на зададените теми и прашања.
Им благодариме на Стефани Циуновска и Ивона Шундовска за соработката и споделените искуства.
Активноста се реализираше во рамките на солидарниот проект „Намалување на дигиталната сиромаштија“ кој е финансиран од Националната агенција за европски програми и мобилност преку програмата на Европскиот солидарен корпус на Европската Унија.


