М-р Фатма Бајрам Аземовска, Викторија Михајловска и Ферзије Асаноска се дел од жените лидерки кои ќе го кренат гласот за менталното здравје како дел од „Заедничката глобална иницијатива на #СЗО и #УНИЦЕФ за ментално здравје и психосоцијална добросостојба и развој на децата и адолесцентите“, со поддршка на Министерството за здравство, воспоставуваме соработка со жени-лидерки од одбрани локални заедници, помагајќи им да ја подигнат јавната свест за важноста на превенцијата и навремениот третман.

Ангажираните жени-лидерки, со новостекнатите знаења и алатки ќе го кренат гласот во средините кадешто живеат за оваа значајна тема. Денешната обука, организирана во Скопје, е првата од последователна низа форуми во заедниците во општините Битола, Карпош (Скопје), Гостивар и Крива Паланка, во текот на 2023 година. Исти активности ќе се изведуваат и во други општини, во текот на 2024. година.

„Ова е одлична можност да се искористи потенцијалот на жените-лидери во заедницата, во една важна област како што е поддршката за подобро ментално здравје на децата и адолесцентите. Веруваме дека тие имаат длабоко разбирање за културната и социјалната динамика во рамките на заедниците во коишто живеат и дека ќе бидат гласни застапници на менталното здравје”– смета д-р Ане Јохансен, специјална претставничка на СЗО во Северна Македонија.


