
На денешната обука, учесниците се запознаа со онлајн алатката за графички дизајн Canva. Им објаснавме што е Canva, кои се можностите кои ги нуди и зошто е добро да се користи оваа алатка.

Се задржавме повеќе на практичниот дел, каде што им беа објаснати сите креации кои можат да се направат со Canva, како постер, флаер, презентација, видео, Instagram post и многу други. Учениците беа заинтересирани и научија многу нови работи кои што можат да ги користат во иднина.

Aктивноста се реализираше во рамките на солидарниот проект „Намалување на дигиталната сиромаштија“ кој е финансиран од Националната агенција за европски програми и мобилност преку програмата на Европскиот солидарен корпус на Европската Унија.


