Младите жени и девојки вклучени во заедницата

Од јануари до април 2024 година, Здружението за развој на ромската заедница го имплементира проектот „Младите жени и девојки вклучени во заедницата“ кој е финансиран од Националната агенција за европски програми и мобилност на Северна Македонија преку Еразмус + програмата на Европската унија.
Целта на проектот е да им се обезбеди на младите девојки и жени со помали можности од општина Битола и пелагонискиот регион теоретско знаење кое ќе им помогне подобро да го разберат системот и доследно да ги користат демократските алатки, а со тоа да ја зајакнат нивната политичка зрелост и да бидат активни граѓани во општеството и заедницата.
Активностите во рамките на проектот вклучуваат обука, посета на Општина Битола и завршна конференција.
Во прилог следи видео со фотографии од обуката одржана на 16 и 17 март 2024 година и од посетата на Општина Битола одржана на 2 април 2024 година.