
Од 12 до 17 април 2024 година во Унгарија се одржа пилот тренингот во рамките на проектот „Процесот оди во пракса“ @Proceed Goes Practice За време на тренингот учесниците кои ќе ги спроведуваат обуките за избраните мерки за подготовка на работа на возрасни Роми, беа обучени како да им пристапат на учесниците во делот на историјата и културата на Ромите, како да се мотивираат на работното место за да го задржат и напредуваат во истото, како да користат алатки за проценка на вештините и знаењата на учесниците, како и како се воспоставува и води претпријатие. Тие исто така беа запознањни со деталите во врска со проектот кој е финансиран преку Еразмус + програмата на Европската Унија, а го координира германската организација Југендстил.


