
„Сумнал“ на листата на свои соработици додаде нова институција – Бизнис Академија Смилевски. На 30 април 2024 година Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“ потпиша меморандум за соработка со Бизнис Академија Смилевски (БАС). Со тоа им се овозможува на студентите од БАС да извршуваат практична настава но и да се запознаат малку подобро со невладиниот сектор како и со потешкотиите на маргинизираните групи во општеството. Се надеваме на плодна и успешна соработка во иднина!


